Тројца заразени со морбили се во тешка состојба и на апарати за дишење на Инфективна

Тројца пациенти, еден возрасен, седум месечно бебе и едногодишно дете заразени со морбили се во тешка состојба и приклучени се на апарати за дишење на Инфективна. Кај нив според лекарите вирусот предизвикал потешка форма на пневмонија. Викендот на Клиниката биле регистрирани 18 новозаразени со мали сипаници не само од Скопје, туку и од Куманово, Кичево, Струга и други градови. Половината биле задржани на болничко лекување. Не биле вакцинирани. Во моментот во установата хоспитализирани се 31 пациент.
Досега покрај во главниот град епидемија е прогласена и во Тетово, Куманово и Гевгелија. Епидемииолозите предупредуваат дека заразата ќе се шири и во други градови, со оглед на фактот дека во внатрешноста од 25.000 деца до 14 години МРП примиле помалку од 5000.
-Постои реална и голема можност за ширење на малите сипаници и надвор од Скопје, односно во градови каде нема регистрирано случаи, изјави д-р Владимир Микиќ, епидемиолог во ИЈЗ.
Ако во наредниот период се зголемува бројот на новозаразени со морбили не е исклучена можноста комисијата за заразни болести да прогласи епидемија во целата држава. Досега од компликации од мали сипаници починаа три лица.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.