Претстојниот викенд е одличен за да си посветите малку време себеси. Направете ја оваа едноставна и прекрасна вода за лице што дополнително ќе ви ја освежи кожата и ќе направи да се чувствувате одлично.
Ваквите освежувачи за лице се навистина потребни во текот на летните месеци, но уште повеќе се потребни во зимскиот период поради сувиот воздух и студот.
За да му помогнете на вашето лице да остане свежо и убаво, направете ја оваа вода од производите што сигурно ги имате дома, а ќе ви направат одлична хидратација.
Единствено потребни ви се шишенце со распрскувач, зелен чај и свежа краставица.
Во пола литар вода (или помалку), сварете го зелениот чај. Кога добро ќе се излади, во садот во кој го варевте, ставете ја краставицата исечена на крукчиња и оставете ја целата смеса да постои во ладилник барем еден час.
Извадете ги парчињата краставица и течноста ставете ја во шишенцето со распрскувач. Со водата во шишенцето, прскајте го лицето наутро и навечер откако добро ќе го исчистите, но и во текот на денот кога ќе почувствувате дека на вашата кожа и е потребно освежување.
Уживајте во свежината!