Стресот е причина за вишокот килограми
Стресот не може да го снема од нашиот живот, но со различни вежби за управување со истиот, можеме да му се спротивставиме и да спречиме појава на хроничен стрес. Иако следниве методи ќе ви изгледаат премногу “западњачки”, само присетете се каква работа имате – и кај нас се работи до 16/17/18 часот и барањата на работодавците се сe’ поголеми. Методите за опуштање и справување со стресот се следни:
Активирајте се – физичка активност, од пешачење до пливање и кревање тегови, значително влијае на намалување на стресот, благодарение на хормоните на среќа кои се лачат при вежбање.
Медитирајте – загледајте се во нешто, престанете да размислувате за изминатиот ден и уживајте.
Смејте се – нема подобар лек за стресот од смеењето.
Контактирајте со вашите пријатели – можеби во секојдневната брзаница сте ги заборавиле своите пријатели. Одвојте време да се најдете и видите со нив, ќе видите дека не сте единствените кои имаат проблеми.
Контролирајте колку работите – научете да кажете НЕ. Не мора секогаш вие сe’ да правите, пронајдете начин да ја прераспределите работата и на другите колеги.
Вежбајте јога – овие вежби и дишењето кои се практикуваат при вежбање јога доста поволно делуваат на нашето здравје.
Спијте – добриот сон е природен релаксант. Во текот на спиењето нашето тело се регенерира.
Хранете се здраво – пријатен, здрав оброк е одмор за душата и телото.
Побарајте помош – иако психотерапијата не е толку популарна кај нас, е навистина одличен начин да се справите со стресот.