Став на професорот Драган Даниловски за епидемијата на морбили!

Појавата на болни од морбили (сите поврзани меѓу себе) е логична последица на драстично намаленото ниво на колективниот имунитет, заради недоволниот опфат со вакцинирање. Минатата година опфатот со МПР вакцинирање во Скопје беше само 76%, а треба да биде минимум 95, за да се елиминира ризикот за појава на врзани случаи.
Но, “си го баравте, го добивте!”
Патем, се покажа дека никаква едукативна кампања значајно не делува врз мислењето на противниците на вакцините! Dunning–Kruger-овиот ефект е масовно застапен. Зошто? Затоа што сме, во суштина, необразувана средина… Затоа што и тие што имаат факултетски дипломи, всушност се “неписмени”… затоа што школството ни произведува полуинтелектуалци (примитивци со дипломи)…
Ете затоа…
И проблем немаме само со антивакцинашите…
Имаме и масовно свртување кон псевдонаучни методи (хомеопатија, хиропрактика, акупунктура, ајурведска медицина итн.) на луѓе со малигни заболувања. Заради што губат драгоцено време. И кога веќе е доцна, очајнички бараат спас во научната медицина… Во меѓувреме, некој добро заработил на нивната лековерност!
Голема вина за оваа појава има донесувањето на Закон за комплементарна и алтернативна медицина со што на псевдонаучните методи им е даден легитимитет и легалитет!!! По мое мислење, СКАНДАЛОЗНО!
Мотив? Наводно, да се намали дивото занимавање со тие дејности… читај, да се најде начин да плаќаат данок!

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.