Сите сакаме да ослабнеме, но: Што му се случува на телото по изгубени 5 килограми?
Само 5 килограми, а толку позитивни промени
Според многумина, меѓу кои и нутриционисти, има нешто „магично“ во првите изгубени 5 килограми кога се започнува процесот на слабеење.
Здравствените придобивки од губење на оваа тежина варираат во зависност од почетната тежина, видот на промените во режимот на исхрана, како и со која брзина се губат килограмите. Според одредени маркери, за прекумерна тежина се смета онаа над 10% поголема од идеалната тежина за нечии телесни пропорции, додека пак за дебелина тој процент изнесува 20% и повеќе.
Еве што сè му се случува на телото и какви здравствени придобивки носи губењето на вишокот тежината.
1) Подобрување на сексуалниот живот
Меѓу другите работи, големиот индекс на телесна маса (BMI) може да предизвика инфламаторен стрес, што пак може да доведе до еректилна дисфункција. Причината за тоа е што тежината може да ги стесни крвните садови, што го отежнува дотокот на крв секаде каде што тоа е потребно.
Јадењето, пак, на премногу шеќер, рафинирани јаглехидрати и алкохол може да го накачи нивото на естроген и да предизвика здебелување.
2) Подобро спиење
Зголемената тежина носи ризик од ноќна апнеа, пореметување на спиењето при што се блокираат дишните патишта, а оние кои се дебели може да имаат дополнително ткиво во задниот дел на вратот кое исто така може да го блокира протокот на воздух во белите дробови за време на спиењето. Губењето на 5 до 10% на телесната тежина може да има огромен ефект на симптомите на овие нарушувања, а со подобар сон се намалува и нивото на кортизол во телото, со што се намалува и желбата за слатка и масна храна.
3) Подобра функција на срцето
Слабеењето го редуцира напорот на кој што е изложено срцето кога имаме преголема телесна тежина и може да го намали високиот крвен притисок.
4) Пониско ниво на шеќер во крвта
Луѓето со дијабетес имаат зголемен ризик од мозочни и срцеви удари, висок крвен притисок, болести на бубрезите и слепило, а тип 2 дијабетесот може да се спречи или понекогаш излечи со губење на прекумерната тежина. Со губење на 5 до 10% од тежината, ризикот од развивање на тип 2 дијабетес се намалува за 58%, а кај оние кои веќе ја имаат болеста се намалува нивото на шеќерот во крвта.
5) Пониско ниво на холестерол
Губењето на 5-10% телесна тежина се асоцира со значителни подобрувања на ризик факторите за кардиоваскуларни заболувања.
Правилната и балансирана исхрана која не содржи премногу масти е добар начин да се одржува здравото ниво на холестерол.
6) Намалување на симптомите на артритис
Масното ткиво е активно ткиво кое креира и ослободува хемикалии кои предизвикуваат воспаленија, а артритисот е воспаление на зглобовите кое предизвикува нивна вкочанетост и болка. Менувањето на режимот на исхрана и намалување на тежината може да ги редуцира овие воспаленија.
Така, на пример, губење на само 5кг. ги ослободува колената од 18кг. притисок.
7) Подобрување на плодноста
Студии покажале дека губење на 5-10% телесна тежина може значително да ги зголеми шансите за бременост, а тука не се зборува само за женскиот партнер.
Плодноста се подобрува и кај мажите со слабеењето и со водењето на поздрав живот и јадење поздрава храна.