Сите го правиме, а го зголемува ризикот од инфаркт!

50% поголеми шанси за прерана смрт!

Предолгото седење пред телевизор го зголемува ризикот од срцеви заболувања, како и од висок крвен притисок и дијабетес. Американските научници тврдат дека луѓето што повеќе од четири часа на ден гледаат телевизија, имаат 50 отсто поголема веројатност од срцеви проблеми и рана смрт од оние што гледаат ТВ два часа дневно.

Испитувањето опфатило 3.592 Афроамериканци од градот Џексон, Мисисипи, САД, и траело осум години. Според стручните лица, кај Афроамериканците срцевите заболувања се почести, па затоа истражувањето се сосредоточило на таа група граѓани.

 

Телевизорот го претпочитаат луѓе со пониски примања и понизок степен на образование. Тие не се движат многу, имаат повисока телесната маса, често пушат, се хранат нездраво, пијат повеќе и често имаат проблем со притисокот. Една третина од испитаниците изјавиле дека гледаат телевизија повеќе од четири часа дневно.

Резултатите од истражувањето покажаа дека компјутерот го претпочитаат претежно жени во средна возраст, со повисоки приходи, но и со натпросечна тежина. Тие помалку се движат, но се хранат релативно здраво и обично не пушат и не пијат.

 

– Разликата меѓу седењето пред телевизор и работата на компјутер е тоа што луѓето при работа почесто стануваат и немаат толку време за штетните навики, наведе Џенет Гарсија, раководителката на истражувањето од Универзитетот на Централна Флорида.

 

Поврзаност меѓу седењето пред телевизор и срцевите проблеми, не е забележана кај луѓето кои спортуваат по 150 минути неделно.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.