Синдикатот на Клинички бара да нема зголемување на цената за паркинг место за вработените во клиниките!

Планираното покачување на паркинг местото во кампусот клиники “Мајка Тереза“ за 500,00 денари месечно со кое истото ќе изнесува 850,00 денари месечно, најмногу ќе ги погоди вработените од социјално најранливата категорија, чија бруто плата изнесува 17,883.00 денари, односно 12,503.00 денари нето плата, реалниот месечен приход со кој располагаат. На овој начин, оваа социјално најранлива категорија вработени треба приближно еден месец во годината да работи за да го плати паркинг местото на своето возило за време на извршување на своите работни обврски.

Истовремено, доколку Советот на град Скопје го изгласа овој предлог на ЈП “Градски паркинзи“ и истиот почне да се применува, планираното покачување на платата на оваа категорија вработени од 5% за 2019 година, почнувајќи со септемвриската плата само по овој основ, практично се сведува на 0%.

Дали надлежните институции кои управуваат со паркингот во кампусот клиники “Мајка Тереза“, Скопје сметаат дека оваа социјално најранлива категорија вработени нема право со возило да оди на своето работно место.

Предложеното покачување на паркинг просторот во кампусот клиники “Мајка Тереза“, Скопје ќе се одрази и во намалување на планираниот процент на покачување на платите за 2019 година и на сите други профили вработени во кампусот клиники “Мајка Тереза“, Скопје.

Искрено верувавме дека со планираната изградба на катните гаражи за паркинг, вработените во кампусот клиники “Мајка Тереза“, Скопје ќе имаат картички со бесплатно паркинг место, соодветно на праксата во болниците во развиените земји, како и во приватните болници во Република Македонија.

Синдикатот на клинички центар го повикува Министерот за здравство, г-динот Венко Филипче со својот личен и со авторитетот на институцијата која ја претставува да го реши овој новонастанат проблем во полза и корист на вработените во кампусот клиники “Мајка Тереза“, Скопје чии интереси  ги застапува во рамките на своите надлежности.

Доколку истото не се случи, и Советот на град Скопје го изгласа предлогот на ЈП “Градски паркинзи“, Скопје, Синдикатот на клинички центар ќе биде принуден да превземе соодветни мерки за да ги заштити правата и интересите на своето членство, стои во соопштението од Синдикатот на скопските клиники.

 

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.