Симптомите на делта – сојот можат да бидат слични со алергија
Делта-сојот, а особено поновиот делта-плус, дава симптоми кои се слични на алергиските реакции, па лекарите советуваат дека мора да побарате помош, наместо да реагирате самите.
Не поставувајте самите дијагноза, бидејќи делта-сојот не е наивен и може да се влоши преку ноќ. Затоа мора да бидете доволно внимателни, особено ако забележите сува кашлица, замор и температура.
Во раниот стадиум, може да почувствувате симптоми на обична настинка, како и постојано кашлање. Исто така, можете да забележите главоболки, но и течење на носот.
Клучниот симптом по кој ќе успеете да препознаете е покачената температура, која многу ретко се појавува при алергија, но е карактеристична за делта-сојот.