Што ви се случива во организмот кога ќе се вљубите?

Вљубеноста е убаво чувство, кога имаме пеперутки во стомакот и главата во облаците, а научниците тврдат дека тоа не е ништо субјективно, туку дека хемијата на нашето тело се менува и навистина стануваме други личности.

Така на пример од љубовта се чувствуваме опиено и тоа од единствена причина – вљубувањето го активира истиот невролошки систем во мозокот како и кокаинот, така што еуфоријата не треба да не изненадува, таа е сосема нормално, пишува хрватски Тпортал.

Љубовта не прави непобедливи, барем така се чувстуваме, а причината е повторно хемијата. Љубовта ги активира деловите од мозокот кон кои вообичаено се насочени против лековите против болка, така што вљубени можеме да го поднесеме и она што вообичаено не би го поднеле ни во лудило.

Но, љубовта не прави и поглупави, затоа што кога сме вљубени потешко ги решаваме задачите кои стојат пред нас. Научниците за тоа немаат дефиниран одговор, но сигурно е дека тоа е така.

За жал, можеме да станеме и злобни на што влијаат нервните хормони кои се поврзани со емпатија и агресија – кога сакаме некого, хормоните ја претвораат емпатијата во заштитничка агресија.

Сепак, бидејќи има повеќе корисни последици – љубовта победувa.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.