Што велат експертите, како треба да се дружите со пријателите кои не се вакцинирани?

Ако сте вакцинирани, смеете ли да се дружите со пријателите кои не се вакцинирани? Што велат експертите за тоа?

„Ако сте целосно вакцинирани, повеќето интеракции не претставуваат ризик за вас, но треба да знаете дали и луѓето со кои се дружите се вакцинирани за да дружбата мине без ризик“, вели д-р Пол А. Тотингејл.

Тоа може да значи дека мора да ставите маска кога влегувате во затворени простори, додека сте безбедни на отворено.

Професорката Меган Л. Рејни смета дека во тој случај би се дружела само во отворени простори или со маска, бидејќи иако вакцините делуваат, не би сакала да ризикува од зараза.

Експерти од различни делови во светот велат дека е во ред ако сте вакцинирани, да продолжите со старите активности без маска или физичка дистанца, бидејќи се покажа дека вакцините доволно штитат од болеста.

„Во најдобриот случај се 95% ефикасни за да нè спасат од хоспитализација. Исто така се намалува ризикот од инфекција, но и ризикот дека вирусот ќе го пренесете на некој друг, објаснува инфектолог Вилијам Шафнер.

Објаснува дека вакцините се дизајнирани да спречуваат смртни исходи и хоспитализација, па иако  одлично ја исполнуваат намената, сепак не се совршени па понекогаш е потребно да се преземат одредени мерки за заштита.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.