Што ги прави жолтите и портокаловите намирници здрави за вас?

Исхрана по боја

Жолтата и портокаловата боја во спектарот се блиски една на друга, а слично важи и кога ќе се најдат на прехранбени производи.

За овие бои се одговорни каротеноидите, кои во зависност од концентрацијата, даваат жолта или портокалова боја и сите нијанси измеѓу.

Жолтите и портокаловите намирници се клучот на балансираната и здравата исхрана. Во нив спаѓаат кајсиите, дињите, банана, манго, праски и нектарини, портокал, лимон, грејпфрут, ананас, моркови, сладок компир, тиква, пиперки, пченка, пиперки…

Сите овие намирници го подобруваат имунолошкиот систем и го штитат телото од некои карциноми. Исто така влијаат и врз подобар вид и придонесуваат за здрав и свеж изглед на кожата.

Дел од каротеноидите во ваквата храна може да биде претворен во витамин А во телото, а исто така имаат и антиоксидативни својства кои го подобруваат имунитетот и му помагаат на телото да се бори против многу нарушувања, особено сезонски настинки. Ваквата храна ќе ви помогне да го намалите ризикот од белодробни заболувања.

Идеи за жолта и портокалова храна:

– Пире од компир и морков
– Заменете еден оброк од обичен компир со сладок компир
– Додавајте морков во чорбите
– Направете домашна супа од тиква
– Додавајте морков и портокалови пиперки во салатите
– Користете суви кајсии во овесната каша
– Направете овошна салата со сезонски овошја во оваа боја
– Додавајте пченка во салатите и чорбите или мешајте ја во паштета од туна

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.