Што да јадете за добро расположение?

Блитва

Содржи висок удел на фолна киселина. Блитвата како и другиот зелен лиснат зеленчук, е одлична за подобрување и превенција на нагли промени во расположението. Научниците откриле дека постои поврзаност меѓу ниското ниво на фолната киселина во телото и појавата на депресија, пишува Центарот за здравје.

Темно чоколадо

Ако ви треба уште една причина поради која треба да почнете да конзумирате темно чоколадо, треба да знаете дека многу истражувања покажале дека темното чоколадо кое содржи најмалку 60 отсто какао, може да го намали нивото на стрес и да го зголеми чувството на задоволство.

Јајца

Јајцата содржат есенцијални масни киселини кои се неопходни за правилно производство и ослободување на серотонин. Ниското ниво на серотонин е тесно поврзано со депресија, нервоза, несоница и хроничен замор.

Бадеми

Вадемите содржат низа хранливи материи, вклучувајќи ја фолната киселина и магнезиум. Магнезиумот е неопходен за соодветно функционирање на мозокот, а истражувањата покажале дека може да помогне во превенција на намалување на симптоми на депресија.

Леќа

Леќата е одличен извор на фолна киселина која е неопходна за правилно функционирање на мозокот и превенција на многу психички и ментални состојби. Леќата содржи околу 90 отсто препорачани дневни дози на фолна киселина, а одличен извор е и аминокиселините кои се важни за правилно производство на норепинефрин и допамин.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.