Шекерен пилинг за свиленкаста кожа

Направете сами

Секој посакува нежна, мека и мазна кожа. Но, во тоа не учествуваат само гените, туку и соодветната нега.

Исто така, не секогаш е потребно да одите во скапи салони за убавина, постојат ефикасни методи кои можете да ги направите и дома. Еден од нив е и пилингот.

Пилинзите кои во својата основа го имаат шеќерот, допринесуваат за добивање на помазна кожа, а истовремено ја тонизираат и хидратираат. Особено се препорачува за дамите кои имаат сува кожа.

Во шеќерниот пилинг најчесто се додаваат етерични масла или пак ореовото масло, кое е добро за хидратација на кожата, а екстрактите на база на какао и кафе се добри во борбата против целулитот.

Редовната примена на овој пилинг е добра во борбата против сушењето и лупењето на кожата, особено доколку се комбинира со хранливи производи за нега на кожата. При нанесување на пилингот правете кружни движења за подобрување на циркулацијата, а најдобро би било ваквата постапка да ја правите еднаш неделно, бидејќи честиот пилинг не дозволува обновување на кожата.

Шеќерниот пилинг може да го направите дома. Во чаша ставете неколку гранули шеќер и измешајте ги со половина чаша масло по ваш избор. За подобра арома додадете етерично масло.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.