Вкупно 1.214 деца се родиле во 2017 година на подарчјето на Општина Куманово, од кои 1.204 биле живородени, додека во целиот Северостиочен регион бројот на родени деца изнесува 1.860 покажуваат податоците од Државниот завод за статистика.
Доминирале девојчињата, односно родени се 624 кумановки и 580 кумановци. Сите се родени во здравствена институција, а од вкупниот број 1.026 деца се родени во брачна и 178 во вонбрачна заедница.
Куманово територијално и според број на жители е најголема во државата, но сепак повеќе деца се родите во Тетово. Таму лани градот е збогатен со 1.241 новороденче. Втора по број на родени деца во 2017. година од општините во Североистокот е Липково. Таму лани на свет дошле 367 деца, од кои живородени биле 363. Апсолутна доминација имаат машките бебиња кои се 200, наспроти 163 девојчиња. Во брачна заедница родени се274, а во вонбрачна 89 деца.
Крива Паланка од лани е побогата за 142 деца. Од нив 71 момчиња и 70 девојчиња. Во брачна заедница биле родени 131, а вонбрачно 10 деца.
Вкупно 53 бебиња биле родени во Кратово, од кои мртвородено било едено. Дваесет девојчиња, наспроти 32 момчиња е балансот на полот. Во брачна заедница родени се 46, а вонбрачно шест.
Десет деца помалку, односно 43, биле родени во Општина Ранковце. Сите се живородени, 24 се машки, а 19 женски. Брачна заедница почуствувале 39, а вонбрачно биле родени четири бебиња.
Најмалку деца според Државниот завод за статистика, родени се во Општина Старо Нагоричане, 41. Сите живородени, 21 женско, 20 машки. Вонбрачно родени се пет, а во брачна заедница 36 новороденчиња.
Кога ќе се соберат податоците за целиот Североисточен регион, иако најголем има најмалку родени бебиња, вкупно 1.860. Од нив живородени се 1.844. Доминираат машките бебиња кои биле 927 на број, а девојчиња се 917. Во брачна заедница се родени 1.552, а вонбрачно 292 деца.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Македонија во 2017 година се родени вкупнo 21 946 деца, од кои 21 754 живородени и 192 мртвородени деца. Бројот на живородените деца во 2017 година, во споредба со минатата година, е намален за 5.4 %.
Во структурата според пол, кај живородените деца, машките имаат поголемо учество, и тоа 51.3 %, односно на 100 живородени женски децa 105.3 се машки.
Според месецот на раѓање, најголем број раѓања (1 953) се регистрирани во месец јули.
Според возраста на мајката, најголемо учество, односно 34.7 % се живородени деца од мајки на возраст од 25 до 29 години.
Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања изнесува 28.9 години, а при првите раѓања 27.2 години и вредностите се исти како и минатата година.
Генерациска година на мајката, која се појавува како најфреквентна при раѓањето на детето, е 1988 година.
Во 2017 година се регистрирани 20 живородени деца од мајки на возраст под 15 години.
Бројот на вонбрачните живородени деца изнесува 2 534 деца или 11.6 % од вкупниот број на живородените деца се вонбрачни.