Секој шести човек е алергичен на сонце!

Едeн од 6 лица добива алергија од сонце дури и кога е намачкан со крема за сончање. Иако реакцијата наводно е присутна само кај луѓето со светол тен, алергија може да добијат сите типови на кожа. Експертите сметаат дека околу 50 проценти од алергиите од сонце се наследни и зависат од генетските предиспозиции. Иако некои велат дека ваквите алергии не се опасни по здравјето, препораките се секогаш кога имате бурни реакции на кожата да посетите дерматолог или најблискиот лекар.

Најчестите симптоми на кожата поради алергии од сонцето се црвенило, чешање, уртикарија и плускавци. Црвенилотоможе да се реши со ладни облоги а исипот кој често го мешаат со изгореници од прекумерното сончање може да се третира со антихистамини. но во секој случај потребна е и консултација со лекар. Алергиска реакција на сонцето може да предизвикаат и разни кремови, парфеми, лосиони и шминка кои лесно може да ги избегнете доколку пред сончањето не нанесувате по телото креми кои содржат хемикалии. Алергија може да настане и од лекови како што се антибиотици и контрацептивни апчиња. Но таа може да настане и од кремата за сончање која е најдобро да ја тестирате пред употреба. Намачкајте мал дел на лактот и чекајте да видите дали ќе има реакција на кожата. Дури и некои видови на храна може да предизвикаат алергија како што се зелената салата, морковот, целерот , смокви и магдонос, па експертите советуваат да се избегнуваат во летните месеци а истото се однесува и за вештачките засладувачи. За најдобро да се подсготвите за сонце мора постепено да ја прилагодите вашата кожа на сонце и порано да почнете со употреба на крема за заштита од УВ зраци со висок SPF, носење на соодветна облека по можност во светли бои, со долги ракави и панталони и заштита на главата со капа.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.