Секој ден застанувајте на вага додека слабеете!

Доколку водите борба со вишокот килограми, тогаш вагата сигурно ви претставува најголем непријател. До неодамна, и експертите се сложуваа со ваквиот став, тврдејќи дека мерењето на тежината е повеќе товар, отколку корисна активност.

Сепак, резултатите од едногодишното истражување кое неодамна го објави магазинот „International Journal of Obesity“, говорат нешто сосема друго. Мислењето на учесниците во проектот е дека треба да заборавите на досегашните убедувања, а започнете со проверка на тежината уште веднаш.

Истакнуваат дека жените кои се мереле еднаш неделно, не успеале да ослабат. Не внимавале на исхраната и не биле добро информирани за својата тежина. Од друга страна, оние кои секојдневно ја проверувале својата тежина, успешно го контролирале внесот на калории.

Оттука, советот на лекарите е да се мерите секој ден или барем секој втор ден, како би биле свесни за своите килограми.

Доколку цврсто решите да се мерите секој ден, придржувајте се до следните три совети:

1. Мерете ја тежината секој ден во исто време

Важно е да имате на ум дека вашата телесна тежина се менува од час во час, а на неа влијаат низа фактори: храната која ја јадете, течностите што ги внесувате, физичката активност итн.

2. Запаметете дека вашата тежина не е само бројка на вагата

Индексот на телесна маса е тој кој треба да ви биде мерило за вашата идеална тежина.

3. Знајте дека постојат и други начини за контролирање на тежината

Доколку секое ново застанување на вагата ви причинува повеќе зло, отколку добро, тогаш дефинитивно можете да преминете на некои други начини за проверка, како на пример да користите метар со кој би го измериле обемот на струкот.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.