Сѐ што треба да знаете за одложувањето на менструацијата

Одите на море?

Летувањата и патувањата се прекрасно искуство под услов месечниот циклус да не донесе непријатности токму кога треба да се опуштиме и да уживаме.

Според резултатите на новата студија, 17 отсто од жените признале дека користат хормонска контрацепција за да ја одложат менструацијата.

Истражувачите анкетирале 1.400 студентки кои користеле комбинирана хормонска терапија во последените шест месеци. Половината од нив сакале да имаат безгрижен одмор, додека останатите имале помалку вообичаени причини вклучително и лични преференци или сузбивање на ПМС.

Колку е, всушност, безбедно да се земаат и на кој начин се користат овие таблети, одговараат гинеколозите.

Одложувањето на циклусот е особено популарно во летните месеци. Најлесно е да се програмира ако се користат таблети за контрацепција, односно се продолжува земањето на таблетите и на тој начин се одложува циклусот.

Таблетите се земаат два до три дена пред добивањето на циклусот и се земаат во доза 2х1 онолку дена колку што е потребно да се биде без циклус. Кога ќе ја испиете последната таблета, циклусот ќе дојде во рок од 3 до 5 дена па на тој начин лесно може да се испланира нивното користење. Овие таблети дејствуваат само онолку колку што се пијат и немаат понатамошно влијание на циклусот и на хормоналниот статус.

Се разбира, со земањето на таблети за одложување не значи дека менструацијата во целост ќе изостане. Многу жени ќе имаат мали крвавења, што не е штетно по здравјето, а, веројатно, може да се случи кај жени кои штотутку почнале со овој метод.

Исклучиво по консултација со вашиот гинеколог можете да се одлучите на овој метод на одложување на менструцијата. Земањето на овие таблети не треба да биде на своја рака. Ова особено се однесува на жените постари од 35 години, пушачите или оние кои имаат висок крвен притисок. Овие фактори може да го зголемат ризикот од крвни згрутчувања, мозочен или срцев удар, па така би требало да бидете исклучително внимателни ако спаѓате во една или повеќе од овие категории.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.