Руската вакцина против коронавирусот ќе биде регистрирана на 12 август
Руската вакцина против вирусот Ковид-19, направена од центарот „Гамалеј“, ќе биде регистрирана на 12 август, а ќе биде прва што ќе ја примат медицински работници и постари жители на земјата, изјави денеска заменик-министерот за здравство на Русија, Олег Гриднев.
– Во тек е последната, трета фаза од тестирањето. Тестирањето на вакцината е многу важно. Треба да разбереме дека вакцината мора да биде безбедна. Медицинските работници и старите лица ќе бидат вакцинирани прво, рече Гриднев, додавајќи дека ќе биде можно да се процени ефикасноста на вакцината кога ќе се формира имунитет кај населението.
Претходно, министерот за здравство Михаил Мурашко најави дека масовната вакцинација против коронавирусот во Русија е планирана за октомври.