Родителите кои се против вакцините побарале од Филипче јавно да го објави генотипот на вирусот на морбили

Дали вакцините воопшто помагаат?

Родители кои се залагаат за почитување на правото на избор се сретнаа со Заев, Филипче, Адеми, Дескоска и Царовска.

Групата здружени родители вчера оствари средба во владата со премиерот Заев и упати поплаки дека во последните пет месеци од оваа година, од страна на владини претставници брутално се прекршуваат основните човечки права и информираше дека за тоа се поведени и судски постапки пред законодавните власти.

Родителите побараа од Владата да изнајде начин да:

· Ја укине мерката непримање на децата во градинките поради непримена вакцина против морбили, заушки и паротит (МРП) и незапишување на децата во прво одделение кои ја немаат примено истата вакцина.

· Да се запре спречувањето на уживање на правото на избор кое родителите го имаат согласно сите важечки законски прописи и ратификувани меѓународни конвенции.

Во однос на првото барање родителите нагласија:

· Дека ова е прв пат масовно да се спроведе ваква мерка во време на епидемија на мали сипаници (кои се појавуваат циклично, секои 2-3 години) и сметаат дека мерката не вроди со плод.

· Колку повеќе расте бројот на вакцинирани лица, толку повеќе се шири епидемијата. Особено го истакнаа фактот дека најголем број од заболените лица се во старосната група од 20-39 години.

· Исфрлувањето на децата од градинките, според светските конвенции за правата на детето претставува дискриминација на децата од стана на институциите и истите веднаш и неодложно треба да престанат да го прават тоа, бидејки на овој начин им прават непоправлива штета на угледот на државните институции внатре, но и надвор од државата.

· Побарано е од министерот Филипче во рок од 20 дена јавно да го објави генотипот на вирусот на морбили кој владее, како јавноста би била информирана дали тој вирус е од вакцинален или див сој, поткрепено со аналитички доказ.

Му благодариме на Премиерот Заев кој отворено истакна дека Владата е подготвена да остави простор да се сослушаат и други мислења и факти пред евентуално, да премине кон укинување на мерката. Премиерот понуди финасиска помош околу организирањето на јавни трибини од страна на граѓаните.

Во однос на второто барање, родителите укажаа:

· Дека согласно законските прописи, особено Законот за заштита на пациенти, родителот може да прифати или одбие медицинска интервенција, вклучувајќи ја и вакцинацијата, откако претходно ќе биде информиран за сите предности и ризици на истата и тоа право не треба да се прекршува. Ова е предвидено и со меѓународните конвенции кои државните органи ги имаат ратификувано;

· Родителите јасно и недвосмислено презентираа дека не се против вакцинација, туку се залагаат за информирана согласност, за право на избор;

· Родителите апелираа дека несаканите ефекти се јасно наведени во упатството на вакцините, а и дека веќе има реални пресуди за оштети од вакцини од страна на државните судови;

· Родителите нагласија дека имаат законски и морални обврски да ги заштитат нивните деца кога имаат и најмали показатели дека одредени медицински третмани можат да им наштетат на нивните деца.

Родителите нагласија дека државата и власта преку министерството за здравство е законски обврзана да пред секој медицински третман, во случајов вакцинација, направи испитувања дека истата нема да има никакви последици кон пациентот. Децата кои не се во добра здравствена состојба или имаат проблем со развојот и примаат терапии, во никој случај не треба да бидат вакцинирани, ниту пак исклучени од згрижувачките и образовните институции. Апелираа до министерот Филипче да се обрне внимание на индивидуалниот пристап кон секое дете, со што премиерот Заев се согласи.

На крајот на средбата премиерот го задолжи министерот Филипче да организира јавна трибина на која родителите побараа да донесат стручни лица. Премиерот рече дека ќе бидат сослушани експертите кои ќе ги повикаат родителите и доколку навистина се предочат факти дека мерката отстранување на децата од градинка кои не се вакцинирани со МРП вакцина и незапишување на првачињата кои ја немаат примено истата вакцина, е непотребна и не вродува со плод, истата ќе биде укината. Тој дури изрази и подготвеност Владата да понесе дел од трошоците за престој и превоз на експертите кои ќе ги повикаат родителите.

Ставот на министерката Дескоска е истиот како и досега, дека првачињата треба да се запишат без никакви услови и дека треба да се изнајдат други начини за подигнување на нивото на вакцинација.

Родителите упатија барање кон Министерот Адеми да ги повлече одлуките за незапишување на првачињата бидејки се противуставни и спротивни на светските конвенции на право на образование на секое дете.

Родителите изразија подготвеност за средби, дискусии, трибини, информирање сè со цел изнаоѓање на заеднички конструктивни решенија, а во полза на сите граѓани. Но, изразија силно негодување дека не се постигна договор најпрво да се прекинат реперкусиите кон децата и нивните родители, а потоа да се отвараат јавни дискусии и трибини.

Родителите на крајот изразуваат благоданост до владата и Премиерот Заев лично за можноста за вака конструктивен и демократски дијалог со релевантни претставници на власта. Убаво е чувството кога граѓаните знаат дека премиерот покажува загриженост да доброто на своите граѓани.
Гордана Гоџо, во име на група родители

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.