Родители од Штип се организираат за протест на местото каде беше прегазен средношколец од градот

Родители и граѓански активисти на социјалните мрежи повикуваат на протест на пешачкиот премин на булеварот „Гоце Делчев“, откако пред два дена беше прегазен 15 годишен средношколец од СОУ „Коле Нехтенин“.

Според најавите на социјалните мрежи, протестот ќе почне во 14 часот, а ќе заврши во 17 часот. Протестот ќе ја носи пораката „Преземето нешто, заштитете ги децата“. Граѓаните упатуваат коментари до локалната власт изгради пешачки мост и постојано да има полициски службеници, кои ќе ги казнуваат возачите.

Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска за МИА вели дека состојбата на 15 годишното момче и понатаму е критична и дека лекарите ја следат состојбата на момчето. Информира дека неврохирузрите и лекарите во еден ден му направиле две операции на главата и на градите.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.