РЕЦЕПТ: Зелен шејк кој ќе ви го исчисти телото

Денот започнете го со овој здрав шејк

Ова е рецептот кој ќе ви помогне да го закрепнете својот организам, да го прочистите од наталожената масна, солена, зачинета и блага храна…

Потребни состојки:

– 2 шољи свеж кељ

– 2 шољи свеж спанаќ

– 1/3 краставица

– ½ јаболко

– парче свеж ѓумбир

– 1 замрзната банана

– 3 лажици семе од коноп

– сок од половина лимон

– 3 мали шолји вода

Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и мешајте додека да добиете убав сок без парчиња. Од оваа количина ќе добиете 2 сока доволни за дневните потреби. За најдобри резултати испијте една чаша веднаш по будењето, а другата чаша пред ручекот. Постапката можете да ја повторувате секој ден.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.