Рецепт: Направете салата од цвекло и „ќе пукате“ од здравје!
Доктор за крвна слика и извор на енергија
Добрата крвна слика е основа на добро здравје и затоа во своето мени морате да „сместите“ храна богата со железо.
Бројни продукти му помогнуваат на телото да стекне отпорност на вируси и бактерии кои не окружуваат, но освен наменското лекување со храна во момент кога ќе не совлада некоја настинка или грип, мораме да мислиме и на општата здравствена состојба.
Еден од нашите најголеми сојузници за одлична крвна слика и имунитет секако е цвеклото. Често се нарекува кралица на земјата, а од дамнина е познато како главен сојузник во лекувањето анемија.
Имено, пигментот бетацијан кој се наоѓа во цвеклото му помогнува на хемоглобинот да го пренесе кислородот. Со тоа влијае и на зголемување на енергијата, но спречува и вртоглавици кои често, рака под рака, одат со анемијата. Ако редовно се конзумира тоа може значително да го прочисти црниот дроб.
Многумина сепак не го сакаат цвеклото поради неговиот специфичен „земјан вкус“ но затоа можете да го комбинирате со други продукти кои ќе го неутрализираат тој вкус и ќе ја истакнат неговата слаткост.
Во продолжување ви донесуваме рецепт за вкусна салата која ќе ви помогне да го зајакнете организмот
Состојки:
1/4 главичка црвена зелка
2 цвекла, со средна големина
2 средно големи моркови
1 поголема јаболка
100 г рукола
1 помал црвен кромид
1 шака магдонос
1 шака семки или јаткасти плодови, по желба – ореви, бадеми, лешници
1 поголем лимон
сол, црн пипер
масло
Подготовка:исечкајте ја зелката на ситни парчиња. Излупете ги јаболката, цвеклото и морковите и исечкајте или крупно изрендајте. Кромидот и магдоносот исто така исечкајте ги. Ако во салатата ставате јаткасти плодови исечкајте ги и нив. Помалечки семки не мора да сечкате. Сите состојки ставете ги во соодветен сад, насолете, зачинете со црн пипер, масло и сок од еден лимон.Убаво измешајте.
Совет: Ако не сакате лимон можете да користите оцет, но имајте на ум дека лимонот е важен дел од салатата бидејќи витаминот Ц од него помогнува во апсорпција на железото.
Во салатата слободно додајте и друг зеленчук по свој вкус – како зелена салата на пример.
Ако сакате да ја јадете како самостоен оброк во неа можете да додадете малку месо како печено пилешко кое ќе го исечкате на поситни коцки или житарки како јачмен, или мешунки како леќа – кои претходно ќе ги сварите.