Oдличен рецепт со кој ќе се ревитализира вашето тело. Овој оброк чисти фекални маснотии во цревата и на тој начин ја намалува тежината, а исто така ја регулира киселоста во желудникот.
Состојки: зелка, цвекло, морков, сок од лимон, маслиново масло
Подготовка:
Изрендајте зелка, цвекло и морков во сооднос 3: 1: 1. Потоа додајте зачин по свој вкус (магдонос, целер…). Измешајте го зеленчукот со цел да се ослободи сокот. А потоа додајте малку сок од лимон.
На крај ставете маслиново масло или друго масло по ваш избор. Салатата не ја солете.
Јадете ја оваа салата за вечера три дена, а првите резултати ќе ве воодушеват.