РЕЦЕПТ: Моќен напиток што го согорува салото на стомакот!

Здрав метод – 7. чаши за 7. дена

Овој напиток е исклучително корисен кога станува збор за губење на тежината на природен начин.


Ако строгата диета не е ваш избор и барате друга опција, на вистинското место сте!
Ова е едноставен, природен, но многу ефикасен начин!
Покрај тоа што во вашата дневна исхрана ќе го вклучите овошјето, важно е да обрнете внимание на она што го јадете. Треба да ја нормализирате исхраната, јадете здрава храна како што е овошје, зеленчук и житарки и одбегнувајте шеќер.
Отстранувањето на шеќерот од вашата исхрана го намалува апетитот, го намалува нивото на инсулин а вие ќе губите на тежина, а воопшто да не чувствувате глад.


Посебно е корисен зеленчукот како зелка, домати, карфиол, брокула, спанаќ, блитва, краставици и зелена салата.
Овој напиток е исклучително корисен кога станува збор за губење на тежината на природен начин. Започнувањето на денот со овој сок е многу едноставен, но ефикасен начин да се ослободите од салото на стомакот.

Состојки:
1 краставица
3 круга ананас
чаша листови магдонос
1 страк целер


Подготовка:темелно измијте ги сите состојки. Краставицата исечете ја на кришки, целерот исто така, ананасот на ситни парчиња а магдоносот на ситно. Се’ ставете во блендер и сомелете да се соедини.

Употреба:Важно е напитокот да се испие веднаш по подготовката и не треба да се додава никаков шеќер или вештачки засладувач.Важно е да го пиете свеж, за да не ги загуби своите својства. Испијте го најдоцна 15. минути после подготовката.
Овој зелен сок е полн со хранливи материи кои делуваат синергиски во цел на здраво слабеење.


Користете го седум дена по ред за да се борите против мастите на стомакот. Имајте на ум дека не се препорачува подолго користење.
Обрнете внимание на реакциите на вашето тело, а ако се појават некакви непријатни реакции веднаш престанете со користењето.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.