Ако ги забележите следните промени кај вашата урина, задолжително обратете се кај вашиот лекар…
Состојбата на урината кажува многу нешта за нашето здравје, па многу е важно навремено да се забележат следните промени…
Заматена урина
Дијагноза: бактериска инфекција, особено доколку има лош мирис или ве пецка додека уринирате. Заматеноста на урината е биопродукт на клетките на белите крвни зрнца кои се борат против бактериите.
Крв во урината
Крвта може да биде симптом на зголемена простата или камен во бубрегот, но и на рак.
Пенаста урина
Ова упатува дека имате премногу протеини во урината, што значи дека вашите бубрези не ја одработуваат својата работа. Овој симптом може да биде и знак за почеток за развој на дијабетес или болести на бубрезите.
Урина која има кафена или портокалова боја
Ова упатува на бактериска инфекција. Крвта понекогаш може да изгледа кафено. Истата промена на бојата може да биде предизвикана и од промени или болести на црниот дроб.