Хемиските соединенија кои се содржат во тутунските производи, можат да предизвикаат ментални нарушувања како шизофренија, се тврди во истражувањето на британскиот Кралски колеџ во Лондон, пренесоа агенциите.
Медицинските лица утврдиле дека 57 проценти од луѓето кај кои биле дијагностицирани првите знаци на ментални нарушувања, редовно пушеле цигари. Освен тоа, научниците откриле дека меѓу ментално болните пушачите се три пати повеќе застапени, отколку што се оние кои не пушат.
“Нашите истражувања покажаа дека пушењето навистина треба да се зема како ризичен фактор при развивање на ментални болести”, вели д-р Џејмс Макаби.
“Надминатите (поради пушењето) нивоа на допаминот се најдоброто објаснување за појава на шизофренија”, додава проф. Робин Мареј од Институтот за психијатрија,
психологија и неврологија кон Кралскиот колеџ.
Во истражувањето учествувале 15 000 пушачи и 272 000 непушачи.