Промени во психата и варирање на крвниот притисок – Последици од поместувањето на стрелките на часовникот

Дали преминувањето од летно во зимско сметање на времето е добро за организмот или може да дојде до пореметување на биоритмот? Мигрена, нервоза и депресија се последиците што ќе ги почуствуваат поголем број на граѓани откако ноќеска во три часот по полноќ стрелките на часовникот ќе се вратат еден час назад. Лекарите велат дека се потребни најмалку две недели за нормализирање на биолошкиот ритам. Во службата за Брза Помош велат дека очекуваат здравствени тегоби кај хронично болните.

-Малку е потсвесно тоа, меѓутоа да доаѓа до зголемувањ ена крвниот притисок, главоболки и тоа повеќе кај хроничните пациенти. Влијае и кај здравите, меѓутоа помалку, вели Др. Анита Симјановска, од Брза Помош.

Стекнатите навики ретко се менуваат па оние кои секој ден се будат во 6 наутро ќе имаат проблем со домашните и работните обврски, покажуваат повеќе светски истражувања. На некои не им пречи што утре повеќе ќе спијат, но на други им предизвикува стрес и промена на расположението.

-Па не ми пречи лично, иако има луѓе што познавам на кои негативно им влијае.

-Ми пречи, да ми создава стрес бидејќи јас сакам да си станувам порано а тоа сега со менувањ ена стрелките ми влијае и на расположението, велат граѓани.

Македонските граѓани сакаат ова да биде последно зимско сметање на времето и нашата земја да ја спроведе препораката на ЕУ за укинување на  промената на времето.

Во Русија веќе 7 години нема поместување на стрелките на часовникот откако руската академија на медицински науки направила истражување дека преминувањето од зимско на летно сметање на времето го зголемува бројот на срцеви удари за 50 проценти а поголем бил и бројот на самоубиства и повици кон брзата помош.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.