Преку храната која најмногу ви се јаде, телото ви испраќа порака дека нешто ви недостасува
Експертите направиле листа на групи храна за кои луѓето најчесто имаат апетит и објасниле што значи тоа.
Во таквите ситуации јадењето на таквата храна понекогаш нема долгорочно да го задоволи организмот.
Слатки – хром
Желбата за слатки укажува на пад на нивото на шеќер во телото, а по консумирање на нешто слатко, шеќерот повторно расте и се ослободува инсулин. Но, станува збор за нагли осцилации во телото бидејќи набрзо нивото повторно ќе опадне и повторно ќе посакате да изедете нешто слатко.
Колку повеќе слатки јадете, телото ќе ви бара уште повеќе. За да ја спречите ваквата појава, докторите советуваат земање на хром кој е важен за нормалната функција на инсулинот во телото и нормален проток на шеќерот во крвта. Организмот ќе има доволно хром ако исхраната е богата со овошје и зеленчук, месо, риба и житарици. Особено е корисно да се јаде брокула, мешунки и да се пие сок од грозје бидејќи е богат со овој минерал.
Чоколадо – магнезиум
Експертите веруваат дека дури 80 отсто од луѓето имаат дефицит на магнезиум во телото кој е добар за одржување на имунолошкиот систем и спречување на воспаленија. Исто така, игра клучна улога во балансирање на нервниот систем и ублажување на тегобите во коските.
Намирници богати со магнезиум се темнозелениот лисест зеленчук, јаткастите плодови, семињата, рибата, грашокот, житариците, авокадото, јогуртот, бананите и темната чоколада.
Солена храна – натриум
Неописливата желба за солена храна, грицки и слично, покажува дека на организмот му недостига натриум кој е многу важен во одржување на водата во телото, а со тоа и во регулирање на крвниот притисок. Но, наместо ќеса чипс, посегнете по целер, морков или риба со сол.
Сложени јаглехидрати – триптофан
Под сложени јаглехидрати спаѓаат тестенини, ориз, леб, житарици, компир, грашак итн., кои содржат триптофан – есенцијална аминокиселина која помага во регулирање на производството на серотонин, познат како хормон на среќа.
Недостатокот на триптофан во телото води кон лошо расположение и тегоби. Експертите советуваат дека наместо да посегнете по, на пример, пржени компири или некое пециво, треба да изедете мисиркино месо, јајца, банани или ореви.
Месо – железо
Недостатокот на црвено месо во исхраната може да доведе до намалено железо во крвта кое е одговорно за транспорт на кислородот низ телото и има голема улога во поддршката на имунолошкиот систем. Кога патат од дефицит на железо, луѓето чувствуваат умор и не им помага ни доволното количество на сон.
Експертите наведуваат дека црвеното месо би требало да се најде на вашето мени барем еднаш неделно. Но, железото се наоѓа и во житариците, сардините, брокулата, спанаќот и грашокот.
Кисела храна – желудочна киселина
Изненадната желба за, на пример, грицкање кисели краставички укажува дека на организмот му недостасува желудочна киселина, а тоа може да предизвика дигестивни проблеми, алергии и чувство на нелагодност во стомакот. Имено, желудочната киселина ја разградува храната и ги дезинфицира и стерилизира намирниците кои ги јадеме. Добро е да се пијат пробиотици (добри бактерии) бидејќи тие ја враќаат рамнотежата на цревната микрофлора.