Ова е еден едноставен, а ефикасен рецепт кој го нормализира нивото на шеќер во крвта

Доколку анализите ви покажале дека имате покачено ниво на шеќер во крвта, време е да преземете мерки за да ја нормализирате здравствената состојба.

Хранливите состојки што во вид на храна ги внесуваме во нашиот организам, со помош на метаболизмот се претвораат во енергија за работа на мускулите. Во човечкиот дигестивен систем, храната се разградува во 3 основни компоненти: Протеини, маснотии и јаглени хидрати или шеќери.

Секој човек различно реагира на хранливите состојки кои преку храната ги внесува во организмот. Различната реакција е делумно наследна, но главно е последица на она со што се храниме. Брзината на метаболизмот е променлива. Со промената на продуктите во исхраната и начинот на нивното комбинирање, организмот може да се програмира побрзо да ги согорува калориите.

Ако земеме во предвид дека како фактори на ризик, покрај генетиката и начинот на живеење, се јавуваат и загадениот воздух од околината, стануваме свесни за фактот дека врз нашата здравствена состојба мора самосвесно да влијаеме колку што можеме повеќе.

Ова е еден едноставен, а ефикасен рецепт кој го нормализира нивото на шеќер во крвта, го сифрла вишокот течности од организмот, помага да се намали холестеролот, а со сето тоа ќе ви помогне и да ги намалите вишокот килограми.

Терапијата трае еден месец, а празовата вода се пие двапати во текот на денот, пред оброк, наутро и навечер.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 шише минерална, газирана вода
¼ страк праз

ПОСТАПКА:

Отворете го шишето и ставете внатре ¼ страк од праз (пресечен на половина и половината пресечена надолжно). Оставете во фрижидер да отстои еден ден. Откако ќе изминат 24 часа, празовата вода е подготвена за пиење.

Секој ден се пие по една ракиена чашка, двапати дневно, пред јадење. По еден месец, направете контрола на крвта, резултатите треба да бидат задоволувачки, а холестеролот намален.

Природните газирани води содржат:
Натриум, калциум, калиум и магнезиум, во совршен баланс кои му одговараат на организмот. Покрај тоа, овие катјони се надополнети со анјони: сулфати, хлориди, бикарбонати и флуориди, кои заедно со биофлавоноидите на празот помагаат во отстранувањето на холестеролот од крвта и заштитување на крвните садови.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.