Повеќе нема да ви падне на памет да јадете јагоди пред да ги измиете
Еве што има во нивните дупчиња
Многумина се радуваат на пролетта поради вкусните овошки кои тогаш созреваат, а предност се дава на слатките, сочни јагоди.
Меѓутоа, дали сте знаеле што се наоѓа во ситните дупчиња кои го прекриваат ова овошје.
Еден експеримент покажал дека на нивната површина главно има крлежи, кои со голо око се невидливи.
За да не ги изедете заедно со овошјето, важно е добро да ги измиете после што ќе бидат подготвени за јадење.
Освен што е хранлива, ова ниско калорично овошје има и лековити својства: го стимулира работењето на џигерот и бубрезите и го подобрува процесот на исфрлувањето на течностите од организмот. Дали поради нивната примамлива црвена боја, вкус или мирис, ретко кој може да одолее на јагодите.
Кај Римјаните јагодите биле многу ценето овошје, а во средниот век се користеле во лекувањето на многу болести. Во 18 век. од Чиле и Перу семките од крупни јагоди стигнале во Европа. Иако можете да ги најдете во текот на целата година во подобро снабдени трговски центри, нивното идеално време за консумација е од април до јуни. Малите диви јагоди, познати се по нивен интензивен мирис и се сметаат за лековити.
Содржат големо количество на витамин Ц, големо количество на антиоксиданси и го чистат организмот од маснотиите. Го намалуваат количеството на слободните радикали, ја поттикнуваат детоксикацијата и го намалуваат ризикот од настанувањето на малигните тумори. Билните феноли го намалуваат ризикот од срцевите заболувања, а со самото тоа го поттикнуваат работењето на срцето.
Според пирамидата на правилната и урамнотежена исхрана, јагодите се високо позиционирани и се препорачуваат 2 до 3 овошни оброци дневно. Богати се со влакна кои благотворно делуваат на пробавниот систем и со тоа се намалува можноста за настанување на карцином на дебелото црево Воедно го намалуваат ризикот од заболување од инфаркт на миокардот и ангина пекторис.