Потврден 51 случај на Омикрон во Хрватска
Во Хрватска се потврдени вкупно 51 случај на омикрон варијантата на коронавирусот.
Во Сплит, од 31 испратен примерок, во 10 примероци е потврден најновиот сој. Од загрепската болница Виноградска на секвенционирање се испратени 34 примероци.
Од нив 17 се позитивни на омикрон, со што бројот на случаи на омикрон во Хрватска се искачи на 51, дознава Дневник Нова ТВ.