Кога сте на диета, појадокот е најважниот оброк во денот
Клучот за губење на тежината е да согорите повеќе калории отколку што внесувате. Но, по почетниот успех, често има фаза кога телесната тежина стагнира, а потоа се бара подетален пристап кон диетата.
Појадокот е најважниот оброк во денот и бројните студии покажаа дека луѓето кои не го прескокнуваат, имаат здрава телесна тежина.
Времето од денот кога појадувате, исто така, има ефект врз слабеењето. Диететичарот Кама Јадав за NDTV открил дека балансираниот појадок навистина ви помага здраво да ги симнете посакуваните килограми.
„Најдобро време за појадок е во рок од два часа од будењето. Колку побрзо појадувате откако ќе станете, толку подобро за вашиот метаболизам“, открива Јадав.
„Појадокот помага во спречување на апетитот. Ако јадењето појадок станува дел од вашата дневна рутина, ќе го намалите гладот и желбата во текот на денот“, додаде тој.
За појадок, треба да се избере комбинација на протеини, здрави масти и јаглени хидрати. Една неодамнешна студија објавена во „Journal of Nutrition“ сугерира дека влакната се одличен начин да се спречи зголемување на телесната тежина и да се промовира слабеењето.
Според страницата EatingWell, пет намирници треба да најдат место на вашиот приоритетен список. Тоа се овесна каша, путер од кикирики, јајца, јогурт и малини. Исто така, појадокот не треба да вклучува сосови слични на кечап. Диетитичарите советуваат да ги користите зачините за да го направите оброкот попривлечен. Во зависност од јадењето, на пример може да биде цимет или пипер.
И на крај, запомнете да се движите бидејќи тоа игра клучна улога во резултатот.