За да ослабете, треба да бидете многу трпеливи и дисциплинирани. Сигурно ги знаете најчестите совети за слабеење: пред секој оброк испијте чапа вода, немојте да јадете јаглени хидрати навечер и слично. Ние ви откриваме 5 трикови за кои најверојатно не сте чуле досега…
Јадете супа како предјадење
Дали да јадете нешто пред главното јадење за време на диетата? Можеби ќе ви звучи контрапродуктивно, но вака навистина може да го намалите вкупниот број на внесени калории. Ова го открило истражувањето објавено во магазинот „Appetite“. Испитаниците кои пред главното јадење изеле супа со малку калории (100 до 150 калории) внеле вкупни 20% помалку калории.
Кога ќе почувствувате напад на глад, помислете на последното нешто што сте го изеле
Кога ќе почувствувате силен глад, потсетете се на последниот оброк, односно визуализирајте го. Наместо цела кутија колачи, најверојатно ќе изедете само едно или две.
Групирајте по бои
Едно истражување на Универзитетот Корнел го докажало следново: колку е поголем контрастот на боите помеѓу храната и чинијата, толку помал е гладот. Испитаниците кои јаделе тестенини со доматен сос од бела чинија, изеле 22% помалку од испитаниците кои го јаделе истото од црвена чинија.
Помирисајте го јадењето
Не јадеме само со очи, туку и со нов. Едно неодамнешно истражување открило дека колку е поинтензивен мирисот на јадењето толку помалку ќе изедете. Испитаниците кои добиле ароматизиран десерт изеле 5 до 10% помалку.
Оставете го изеденото во чинијата
Едно истражување во кое испитаниците требале да јадат пилешки крилца открило дека повеќе изеле оние кои ги тргнале останатите коски од масата. Кај оние кои ги гледале останатите коски пред себе мозокот добил информација дека веќе јадел и дека е сит. Истото важи и за шкампите, раковите, маслинките, фстаците и парчињата пица ако не ја јадете корката.