Патник заразен со Ковид-19 починал во авион, сите мислеле дека спие

Екипажот на патнички авион, кој летал од Истанбул за Хамбург, при слетувањето открил дека еден од патниците починал, за кој подоцна се покажало дека е заразен со коронавирус.

Откако сите патници го напуштиле авионот по слетувањето на аеродромот во Хамбург, еден патник останал на негово место, па екипажот, според весникот „Велт“, дури тогаш забележал дека тој починал.

Настанот се случил на 25 октомври, пренесуваат агенциите. Станува збор за 51-годишен патник, кој сам се качил во авион во Истанбул, и го зазел неговото место во авионот. Според медиумите, тој имал неколку различни болести, но бил заразен и со коронавирус. Во текот на летот никој не ја забележал неговата смрт.

Патуваше сам и седна на место покрај прозорецот. Веројатно ја навалил главата на прозорецот и ги затворил очите, поради што сите мислеле дека спие, соопшти полицијата.

Според германските написи, починатиот патник имал акутна инфекција со коронавирус. Поради овој факт, германските власти иницираа следење на контактите на пациентот.

Прашање што го анализираат упатените е како патникот заразен со Ковид можел да се качи во авионот. Имено, во моментот, за патување од ризични земји, вклучително и Турција, за влез во Германија, лицето морало да поседува потврда за вакцинација, потврда за Ковид-19 или негативен тест.

Тој бил заразен и можел да се качи во авионот со потврда за вакцинација, бидејќи на повеќето аеродроми немало планирано мерење на температура, што би можела да ја открие неговата инфекција, велат експертите.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.