Измешајте три состојки и ќе добиете моќен еликсир

30

Шогаџу, или само чај од ѓумбир, е најпознатиот лек за настинка што се користи на Далечниот Исток. Јапонците од колено на колено го пренесуваат рецептот за правење шогаџу, поради неговата неверојатна моќ.

Ефектот на ѓумбирот помага да се подигне температурата на телото и го забрзува процесот на заздравување од настинки, а освен тоа овој чај е вистинска витаминска бомба!

Ѓумбирот е полн со витамин Ц и амино киселини, а се верува дека е совршен сојузник во борбата против настинката.

Потребно е:

  • Еден ѓумбир со средна големина
  • 2,5 dcl вода
  • мед по желба

Подготовка:

Излупете го и исечете го на ситни парчиња. Во тенџере ставете го сечканиот ѓумбир и прелијте со водата. Гответе до 30 минути со капак на тивок оган.

Потоа тргнете го од оган и оставете го на страна 10 минути, секако покриено тенџерето со капак. Истурете во чаша и додадете мед по потреба. Овој чај треба да го пиете два до три пати на ден за да ги добиете посакуваните резултати.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.