Оваа козметичка процедура ја прават скоро сите жени а тоа доведува до рак на дојка
Научниците направија нова студија поврзана со една од најпопуларните козметички процедури кај жените, која скоро секоја жена го прави многу често.
Според истражувачите тоа може да доведе до развој на многу подмолно заболување, од кое умираат милиони жени ширум светот. Станува збор за рак на дојка.
Според истражувањето дамите кои ја бојадисуваат косата се 9% повеќе подложни на карцином на дојка од оние кои се потпираат на нивната природна боја. Во исто време, жените Афроамериканки кои применуваат фарби за коса на секои два месеци имаат многу поголема стапка на подложност.
Покрај тоа, жените кои користат хемиски производи за зацрвстување на косата, имаат поголема веројатност од 30% да се разболат од подмолно заболување од оние кои одбиле да користат такви производи.
Според д-р Дејл Сандлер, хемиските производи како што се бојата за коса се многу опасни и запирањето на нивната употреба може значително да ја намали веројатноста за појава на карцином на дојка.
Во ноември годинава, бојадисувањето на косата предизвика сериозни здравствени проблеми кај една британска студентка. Таа била хоспитализирана поради алергиска реакција на една од состојките во бојата.