Ова е единствениот симптом по корона што не минува
Ако веќе сте го прележале коронавирусот, веројатно сте почувствувале долготраен умор. Токму кога сте помислиле дека конечно се враќате во форма, уморот и понатаму ви пречи во секојдневното функционирање.
Експертите се загрижени поради бројот на луѓе кои пријавуваат умор, дури и откако закрепнале од вирусот.
„Бидејќи не постои усогласена дефиниција на умор по ковид, невозможно е да се даде точен број на луѓе кои го чувствуваат“, вели д-р Наташа Јејст, доцент на Универзитетот Бонд.
Додава дека процените значајно се разликуваат ширум светот. Студија откри дека 13 до 33% од луѓето биле уморни 16 до 20 недели по појавите на симптоми, што е загрижувачки проблем.
Уморот и долготрајниот ковид не се нужно исто
„Во текот на пандемијата, сфативме дека некои пациенти минуваат низ исцрпувачки симптоми кои со месеци се влечат, а кои сега ги нарекуваме долг ковид“, вели таа.
Околу 85% од пациентите со таква состојба доживуваат умор, што го прави еден од најчестите постковид симптоми. Но, луѓето со долготраен ковид имаат и низа други симптоми како „магла во мозокот“, главоболки и болки во мускулите.
Докторите секојдневно учат нови работи за тоа како и зошто некои луѓе доживуваат симптоми на долготраен умор, а други не.
Според д-р Стивен Фокс, постои уште една група пациенти кои можат да имаат респираторни симптоми, но исто така и болки во мускулите, во зглобовите и проблеми со менталното здравје.