Опасностите кои ги носат воспалени синуси

Што може да се лучи ако не ги излечите?

Дали постојано имате главоболки, не можете да дишете низ носот, а немате никакви симптоми на грип или настинка? Најчестата причина за овие симптоми е синуситисот, заболување за кое не сметаме дека е сериозно и мислиме дека ќе помине самото од себе. Но, ова не е точно.

 

Доколку не ја излечите правилно, оваа состојба може да стане проблематична, особено ако главоболката ви пречи во секојдневниот живот.

Акутниот синуситис најчесто е предизвикан од настинка, додека останатите се предизвикани од бактерии, алергии и габични инфекции. Овој проблем можете да го препознаете по тешкотиите во дишењето, отоците на лицето и околу очите, а може да се јави и главоболка.

Носот што тече, во комбинација со чувството на притисок може да биде знак за синуситис, односно болест предизвикана од воспалени и отечени синуси. Болката во главата се зголемува доколку личноста се наведне напред, а доколку трае подолго од 3 дена и имате висока температура, најдобро е да одите на лекар.

Ако ова воспаление не се излекува како што треба, постои опасност да се повтори. Ако се појавува повеќе од 4 пати годишно и трае околу 3 месеци, синуситисот се дефинира како хроничен. Првите симптоми на синуситис се затнати носни канали. Во влажниот носен канал во кој нема доволно воздух многу лесно се развиваат бактериите кои се носители на оваа болест.

Болеста може да биде предизвикана и од инфекција, но и од израстоци во носот или неправилен облик на носната шуплина. Потребно е внимателно да ја надгледувате вашата состојба и правилно да се лекувате според советите на вашиот лекар. Главоболките и отежнатото дишење нема да ви го направат денот полесен.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.