Омега 3 – клучен елемент за соодветен развој на мозокот кај децата

Како да се подобри концентрацијата, меморијата и способноста за учење кај децата?

Недостатокот на внимание, концентрација и неспособноста за активно слушање се едни од најчестите причини за конфликт помеѓу родителите и децата. Иако е нормално малите деца да не може да го задржат вниманието на еден предмет подолго време и да скокаат од тема на тема, сепак важно е да знаеме како можеме да го унапредиме овој процес. Бидејќи без концентрација нема успех во учењето.
Од друга страна сите ние во одредени периоди на преоптовареност, а особено повозрасната популација, доаѓаме во ситуација да имаме проблем со помнењето т.е да заборавиме на некои обврски или настани.

„Не заборавајте дека мотивацијата е исто клучен фактор за постигнување подобри резултати!“
Бројни истражувања на оваа тема потврдуваат дека клучен елемент за соодветен развој на мозокот и добра способност за учење, меморија и концентрација е соодветен внес на Омега 3 масни киселини во нашиот организам. Има 2 типа на Омега 3 незаситени масни киселини ДХА (Docosahexaenoic Acid) и ЕПА (Eicosapentaenoic Acid). Овие фосфолипидни молекули се особено важни за структурата на мозокот, развојот на нервните клетки и нивните мембрани. EПA и ДХА во мозочните клеточни мембрани директно влијаат на синтезата на невротрансмитерите, преносот на сигнали и активноста на некои клучни ензими и затоа нивниот недостаток ги нарушува нормалните функции на мозочните клетки. Омега 3 масните киселини нашиот организам не може да ги произведе самостојно и затоа мора да бидат дел од исхраната, или да се внесат како додаток на исхраната. Рибите се најдобриот извор на омега 3 масните киселини и тоа пред се: харинга, лосос, сардини, туна и пастрмка.

Кои се клучни придобивки од внесувањето на омега 3 масните киселини?
Го поддржуваат детскиот когнитивен развој. Децата кои внесуваат доволно омега 3 покажуваат подобра координација на рацете, социјални вештини и зголемена концентрација;
Ја зголемува способноста на детето за учење, го подобруваат читањето и меморијата;
Се од суштинско значење за добар вид и функција на очите;
Помагаат за добар имунитет.
Ризици во случај на недостаток омега 3 масни киселини во исхраната?
Ослабување на имунолошкиот систем што резултира со почести воспаленија и кожни проблеми;
Децата со аутизам, АДХД и дислексија обично имаат ниски нивоа на омега 3 масни киселини;
Проблеми со менталното здравје: депресија, биполарно растројство и пост породилна депресија;
Губиток на меморијата и способноста за размислување и/или лоши резултати на психолошките и бихејвиоралните тестови.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.