Околу 190 деца одат втора смена во македонските градинки

Околу 190 деца одат во градинка попладне, зошто родителите работат втора смена. Овој проект веќе три месеци се реализира во 13 јавни образовни установи во 9 оппштини во Македонија. Исто така според потатоците од Министерството за труд и социјална политика секоја прва сабота во месецот отворени се 20 детски градинки и тој ден се грижат за 132 деца. Министерката Царовска истакна дека не слушнала некаде родителите да барале, а градинката да не вовела втора смена.
– Таму каде што има потреба има втора смена, каде што нема потреба, нема втора смена. Не е тоа притисок, но важно е институциите да сфатат дека работат во интерес на граѓаните. Ако се јавила потреба, таа треба да се изреализира. Имаше и промена на градоначалници во најголем дел од општините, па сега ако претходно се правела бариера свесно да не се отвори втора смена заради политички цели, тоа е релаксирано, изјави Мила Царовска, министер за труд и социјална политика.

Градинките во кои имаат двосменско работење ќе добијат повеќе пари од МТСП.
– Градинките се финансираат со блок дотации и секој што отворил втора смена во 2018 година ќе добие согласно пресметката повеќе финансиски средства, додаде Царовска.

Покрај повеќе финсиски средства за дополнителните трошоци Царовска најави и нови вработувања на негувателки и воспитувачки идната година за да се олесни на вработените во градинките кои се пренатрупани со деца.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.