Од работата на тироидната жлезда зависи и работата на неколку органи во телото

Ако тироидната жлезда не работи како што треба, тогаш се можни бројни последици на вашиот организам.

Тироидната жлезда се нарекува уште и штитна жлезда, а тоа јасно ни покажува колку е важна нејзината улога во правилната работа на сите други жлезди и органи во телото.

Зголеменото лачење на хормони од тироидната жлезда се нарекува хипертиреоза и предизвикува најчесто губење на тежина, додека пак хипотиреозата се карактеризира со покачување на телесната тежина.

Општо е познато дека целиот ендокринолошки систем функционира како целина и дека неправилната работа на само една жлезда, може да предизвика низа здравствени проблеми. За жал, лечењето на овие состојби е макотрпно, тешко, често трае доживотно и не секогаш се враќа рамнотежата на хормоните во телото како што била пред да настапи заболувањето.

Тироидата исто така влијае на следниве пет органи во телото:

Срце – хормоните од штитната жлезда помагаат во контролата на крвотокот, односно движењето на крвните клетки во крвните садови.

Јајници (кај жените) – пореметеното лачење на хормоните триодтиронин и тироксин може да доведе и до нередовни циклуси и овулации, но и нивно изостанување.

Коски – хормоните од тироидата контролираат со која брзина се обновува коскеното ткиво. Доколку овој процес се одвива побрзо отколку нормално, може да доведе до остеопороза.

Мозок – ниските нивоа на хормони од оваа жлезда резултираат со намалена концентрација, заборавеност, анксиозност, па дури и епизоди на депресивност.

Кожа – при намалено лачење на хормоните, кожата го губи сјајот бидејќи бавно се обновуваат епителните клетки. Исто така побавен е и растот на косата и ноктите.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.