Од 1 јануари три ноќни педијатриски пунктови во Скопје

Од Нова година ќе почнат со работа три ноќни педијатриски пунктови во Скопје. Покрај службата во поликлиниката Јане Сандански која функционира од 2015, во вечерните часови болните дечиња можат да добијат медицинска помош и во Ѓорче Петров и на Бит пазар. Прегледите ќе ги вршат општи лекари од Здравствен дом кои изминатиот период биле на обука за детска патологија. Здравствените власти со ова очекуваат да го намалат притисокот од пациенти на Клиниката за детски болести и во болницата во Козле каде се создавале гужви и нервоза кај родителите.

-Обезбедени се со нови лабораториски анализатори и инхалатори, пред да ги отвориме секкао ги обезбедивме сите предуслови. Беше голем притисокот на детска клиника а со ова ќе се олесни пристапот и ќе се приближат до пациентите кои живеат далеку од Клиничкиот центар, изјави Венко Филипче, министер за здравство.

Надлежните уверуваат дека нема да има проблеми со функционирањето на пунктовите, имајќи го во предвид лошото искуство од досегашната педијатриска служба во Јане Сандански каде често немаше лекар кој доаѓаше од Детска клиника, или, пак, пациентите си одеа без крвна анализа.

-Лекарите од педијатриските пунктови ќе бидат во постојана комуникација со лекарите од Клиниката за детски болести и од болницата во Козле и потешките случаи ќе ги препраќаат таму, вели Филипче.

Преглед, проверка на крвна слика и урина како и инхалирање се основните услуги кои ќе ги добиваат најмладите пациенти за дијагностицирање на здравствениот проблем. Министерот за здравство најави дека во иднина ноќни педијатриски пунктови ќе отворат и во други скопски поликлиники.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.