Новите возила за скопската Брза Помош повеќе од 20 дена чекаат регистрација!

На 14-ти минатиот месец ги промовираа и се сликаа со нив. 25 дена подоцна, новите 6 возила што ги доби скопската Брза помош се празни и паркирани пред службата. За да им бидат во функција на граѓаните е неопходна нивна регистрација, опрема и кадар. Од Здравствен дом Скопје велат дека ја чекаат документацијата од министерството за здравство за да им стават таблици а до крајот на месецот да ги опремат и со дефибрилатори, екг како и нови медиицнски тимови. И додека возилата се печат на сонцето и чекаат на административните процедури, топлото време и драстичните температурни разлики ги вжешти телефоните во Брза Помош. Обемот на работа е зголемен и вчера и денес медицинските тимови интервенирале дури кај 6 мозочни удари.

-Имаме зголемен број на повиџи, знаете дојде до драстична разлика на температурата од 10-15 степени. Има со мозочни, со хипертензии, вели др. Валентина Митреска од Брза Помош

Лекарите апелираат до граѓаните да ги почитуваат препораките за овој период.

-Мора редовно да ја земаат терапијата, да носат соодветна облека и повеќе течности, вели др. Митреска.

Скопската служба во моментот работи со 6 веќе амортизирани возила и со 6 медицински екипи во смена. Со новите вработувања чии конкурси се при крај, очекуваат да имаат најмалку 10 екипи, иако и тоај број е далеку од европските стандарди.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.