Нова вакцина само за омикрон од септември

Вакцина прилагодена на омикрон сојот на коронавирусот ќе почне да се применува во Германија од септември, изјави  министерот за здравство на оваа земја, Карл Лаутербах.

Но според него, проблем е  што постојано се појавуваат нови варијанти на вирусот.

„ Можно е да добиеме многу заразна варијанта на омикронот која ќе биде смртоносна како делта варијантата. Тоа би било апсолутно убиствена варијанта“, рече тој.

„Ќе добиеме вакцина која ќе штити од омикрон варијантата, тоа го очекуваме во септември. Целта ни е да имаме доволно вакцини за сите граѓани, без оглед на тоа каква варијанта ќе дојде. Тогаш ќе имаме противотров и за омикрон и за делта варијантата“, додаде министерот.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.