Никогаш нема да имате рамен стомак
Што и да правите, ова е причината поради вишокот килограми
Ова се петте најчести причини поради кои се дебелеете во пределот на стомакот и не успевате да ослабнете.
Недостаток на магнезиум
Магнезиумот му е неопходен на телото, за да може да обезбеди нормално работење на срцето и целиот мускулен систем. Магнезиумот влијае на губењето на килограмите и обликување на телото. Затоа јадете храна богата со магнезиум, како што е лисест зеленчук, грав, јаткасти плодови.
Газирани пијалоци
Ваквите пијалоци директно влијаат на зголемувањето на вашиот струк. Доволни се само две чаши од некој ваков напиток за мастите да се насоберат дури петпати побрзо. Газираните пијалоци се полни со шеќери и отвораат апетит. Затоа подобро завртете се кон водата, чаевите и природните овошни сокови.
Недоволно сон
Истражувањата покажале дека жените кои спијат само пет часа имаат 32 отсто повеќе шанси да бидат дебели. Поради недостатокот на сон, за време на денот јадете повеќе мрсна храна, бидејќи поради тоа се лачи повеќе грелин, хормон на гладта. Се советува ноќе да спиете од 7 до 9 часа.
Солена храна
Ако после солен оброк ви се јави надуеност, немојте да се чудите – премногу сол во организмот предизвикува преместување на водата од крвотокот во кожата. Неверојатен е податокот дека дури повеќе од 90 отсто од луѓето ја преминуваат препорачаната дневна доза на сол, која изнесува само четири грама, што дополнително го отежнува слабеењето во пределот на стомакот.
Погрешни маснотии
Телото не реагира исто на сите маснотии – големиот внес на заситени масти ја зголемува акумулацијата на масни наслаги. Од друга страна, незаситените масти кои содржат омега 3 масни киселини, делуваат спротивно и имаат позитивен ефект на телото и линијата.