Никако немојте да ги позајмувате слушалките за уши!
Порталот Metro има интересна „приказна” за истражувањето на тема „повеќе луѓе користат едни слушалки” и зошто тоа никогаш не треба да го правиме.
Често ни се случува да ги заборавиме нашите слушалки , па ги позајмуваме од колегите, или пак често знаеме да ги земеме слушалките од пријателите само за накратко да слушнеме нешто.
Сепак, според истражувањето на BuzzFeed и Универзитетот во Аризона, слушалките никогаш не треба да ги делиме со никого, посебно малечките слушалки кои доаѓаат со паметните телефони.
Ушната школка и внатрешноста на увото се природно прекриени со слој на „восок” на кој се лепат бактериите и слоевите на мртви ќелии. Слушалките директно влегуваат во увото, па на тој начин споменатите работи можат да се пренесат во увото од еден на друг човек.
Споменатите бактерии иако припаѓаат таму каде што се, сепак во организмот на другиот човек можат да предизвикаат компликации, инфекција на кожата па дури и воспалување на увото.
Поради тоа, избегнувајте да им ги позајмувате вашите слушалки на пријателите, а често практикувајте да ги дезинфицирате слушалките со неколку капки алкохол или средство за дезинфекција на ткаенина. Од Универзитетот во Аризона советуваат дека слушалките треба да ги чистите најмалку еднаш неделно.