Недостигот на овој витамин предизвикува нагло покачување на крвниот притисок

Научниците откриле поврзаност помеѓу високиот крвен притисок и недостатокот на еден витамин.

Имено, утврдено е дека за драстичните скокови на крвниот притисок не се секогаш виновни лошото време, стресот или лошата исхрана.

Американските научници спровеле студии кои потврдиле дека постојат многу повеќе фактори кои доведуваат до хипертензија, а еден од главните е – недостаток на витамин Д.

Проучувајќи ја историјата на болести кај илјада пациенти кои веќе неколку години имаат висок крвен притисок, научниците дошле до заклучок дека токму овој витамин директно влијае на состојбата на крвните садови. Тоа значи дека за овие пациенти постои ризик од појава на срцев и мозочен удар.

Проверете ја крвната слика

Научниците откриваат дека влијанието на витаминот Д на крвниот притисок не е директен, туку индиректен. Тоа значи дека зависи од многу фактори, па затоа е неопходно еднаш месечно да направите крвна анализа и да ја проверите состојбата на витаминот Д во телото.

Секако, лекарите никако не препорачуваат да го земате овој витамин на своја рака за да спречите нагли скокови на крвниот притисок. Во меѓувреме, можете да го зголемите внесот на намирници кои го содржат овој елемент во траги како масна риба (лосос, туна, бакалар, сардини), јајца и некои видови месо.

Освен тоа, недостатокот на витамин Д можете да го решите и со престој на отворено и прошетка во претпладневните часови кога има сонце.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.