Оваа намирница е лоша по вашето здравје – го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести

85

Истражување покажало дека одредена храна може значително да го зголеми ризикот од кардиоваскуларни болести.

Болестите на срцето се водечки во светот, според податоците на Светската здравствена организација. Причината за нив главно се затнатите артерии, наталожени масни наслаги и зголемена вредност на холестеролот.

Храната има голема улога во овој случај, а истражување спроведено во Велика Британија утврдило која храна негативно влијае на здравјето.

Најнегативно влијае преработеното црвено месо, т.е. сувомесните производи кои речиси кај сите нас се наоѓаат на трпеза.

За негативната врска меѓу преработеното месо и срцевите болести само се погодуваше сè додека не било спроведено големо истражување на Универзитетот Оксфорд.

Ова истражување опфатило 13 судии во кои учествувале повеќе од 1 милион луѓе

Заклучено било дека секои 50 грама преработено месо кое го јадеме дневно може да го зголеми ризикот од коронарни болести на срцето за 20 отсто, додека пак истиот вид на непреработено црвено месо го зголемува ризикот за 9 отсто.

Причините зошто оваа храна е толку лоша по здравјето е тоа што содржат голема количина сол и заситени масти. Заситените масти се поврзуваат со високото ниво на холестерол, додека пак солта може да ја зголеми вредноста на крвниот притисок, објаснуваат научниците.

И високиот холестерол и крвниот притисок се ризик фактори за развој на срцеви болести поради нивното негативно влијание на артериите.

Еден вид месо кој не го зголемува ризикот од срцеви заболувања се пилешкото и мисиркиното месо, се наведува во студијата.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.