Ако не можете да држите диети поради слабата волја, обидете се со оваа 9-дневна детално опишана диета…
Менито е разновидно, добро избалансирано и сосема лесно за почитување и поради тоа е наменето за лица со слаба волја за слабеење. Диетата можете да ја повторите два пати по девет дена, резултатите се загарантирани. Совет плус е да применувате физичка активност која постепено ќе ја зголемувате и да пиете големи количини на вода.
Прв ден
Појадок: 1 парче пченкарен двопек намачкан со урда, 1 варено јајце, 2-3 суви сливи
Ручек: 1 парче интегрален леб, 1 салата од домати и краставици, 50 г посна шунка, 1 банана
Вечера: 100 г печено телешко месо, 1 голема салата од зелка и моркови, 2 варени компири,1 јаболко
Втор ден
Појадок: 1 чаша свежо цеден сок од портокал, 1 пченкарен двопек, 1 чаша обезмастено млеко, 1 банана
Ручек: 200 г пилешко филе печено на скара, 2 домати, 1/2 краставица, 1 чаша овошен домашен јогурт (сами подгответе го во блендер од неколку вида овошје и една чаша обезмастен јогурт, купечкиот има премногу шеќер и конзерванси), 1 јаболко
Вечера: 150 г печена риба, 2 варени компири
Трет ден
Појадок: 2 парчиња пченкарен двопек, 150 г пилешко филе печено на скара, 1 домат
Ручек: 1 супа од зеленчук, 1 парче интегрален леб, 1 салата од зелка, џвекло и моркови, 1 банана
Вечера: 150 г печено телешко месо, 1 салата од цвекло, зелка и морков, 1 банана
Четврти ден
Појадок: 1/2 грејпфрут, 1 чаша овесни снегулки со млеко, 1 парче пченкарен двопек намачкано со урда
Ручек: 1 пченкарен двопек, 70-80 г туна од конзерва, 2-3 сушени кајсии
Вечера: 200 г печено телешко месо, 1 салата од домати и краставици
Петти ден
Појадок: 1 варено јајце, 1 парче интегрален двопек
Ручек: 1 парче интегрален двопек, 50 г посна шунка, 1 салата од зелка, цвекло и моркови, 1 портокал
Вечера: 200 г пилешко филе печено на скара, 1 чаша варен ориз, 1/2 краставица
Шести ден
Појадок: 1 пченкарен двопек намачкан со слатко од смокви
Ручек: 1/2 грејпфрут, 80 г посна шунка, 2 варени компири, 1 салата од домати и краставици, 1 банана
Вечера: 1 интегрален двопек со 1 парче кашкавал, 1 салата од зелка, цвекло и моркови
Седми ден
Појадок: 1 чаша овошен домашен јогурт, 1 парче интегрален двопек, 2-3 суви сливи
Ручек: 100 г пилешко филе печено на скара, 1 домат, 1/2 краставица
Вечера: 150 г печено телешко месо, 1 салата од домати и краставици, 1 парче интегрален леб, 2-3 сушени кајсии
Осми ден
Појадок: 1/2 грејпфрут, 1 варено јајце, 1 интегрален двопек
Ручек: 100 г печено телешко месо, 1 супа од зеленчук, 1 јаболко
Вечера: 150 г варена риба, 150 г шпагети во сос од домати и босилек, 2 лажици конзервиран грашок
Деветти ден
Појадок: 1 чаша овесни снегулки со млеко, 1 банана
Ручек: 1 салата од домати и краставици, 1 парче интегрален двопек, 1 чаша овошен домашен јогурт, 1 јаболко
Вечера: 1 печена кревка кременадла, 2 варени компири, 1 салата од зелка и моркови