Најскапиот лек во светот е пуштен во продажба
Само една доза од лекот Zolgensma на швајцарската компанија Novartis чини 2,1 милион долари, што го прави најскапото медицинско средство во светот, пишува National Geographic.
Американските регулатори го одобрија пуштањето на лекот во промет во мај годинава, а лекот се зема еднократно.
Новиот лек за спинална мускулна атрофија е генска терапија за деца помали од 2 години со спинална мускулна атрофија. Го произведува фармацевтската компанија Novartis од Швајцарија. Вкупните приходи на оваа компанија во третото тромесечје пораснале за 10 проценти, на 12, 2 милијарди долари. Нето добивката е зголемена за 8 проценти, на 2 милијарди долари.
Половина од пациентите кои денес го користат лекот претходно се лечеле со конкурентски производ на американскиот Biogen.
Лекот има успеси во САД, се чека одобрување од регулаторната комисија во Европската Унија и Јапонија.